Спроведување на еколошката акција „Македонија без отпад 2013“

И оваа година на 5 октомври (сабота) 2013 во нашата општина на 21 пријавенa локациja  ќе се реализира акција „Македонија без отпад 2013“, на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места  и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.
Во акцијата нашата општина ќе се вклучи со свои капацитети за отстранување отпадот на недозволени места. Во акцијата ќе се вклучат:Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка, ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка, Осноовните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, ОСУ „Ѓорче Петров“, Детската градинка „Детелинка“, Отвореното одделение на Казнено поправната установа во Крива Паланка, ЈП „Македонски Шуми“  и подрачните единици на Дирекцијата на заштита и спасување, Центарот за управување со кризи во Крива Паланка и други институции.

Сите заинтересирани граѓани може да се вклучат во акцијата преку регистрирање на активност на веб страницата на Ајде Македонија www.ajdemakedonija.mk.

Локации на кои ќе се спроведе чистењето:

1. Околина на Спортско рекреативниот центар – Локална самоуправа;
2. Околина на Вавилон  центарот – Локална самоуправа;
3. Дива депонија населба Лозаново – ЈП „Комуналец“;
4. Дива депонија Башиќево лозје – ЈП „Комуналец“;
5. Дива депонија Цонев рид – ЈП „Комуналец“;
6. Депонија Грамаѓе – Петља – ЈП „Комуналец“;
7. Депонија Ловачки – ЈП „Комуналец“;
8. Околина на Автобуска станица – ООУ „Јоаким Крчовски“;
9. Околина на ООУ „Јоаким Крчовски“ – ООУ „Јоаким Крчовски“;
10. Парк Херој Карпош – згради – ООУ „Јоаким Крчовски“;
11. Околина на ООУ „Илинден“ – ООУ „Илинден“;
12. Околина на Болничка ливада и Скрљавски дол – ООУ „Илинден“;
13. Игралиште Белево и Пелагонски склад – ООУ „Илинден“;
14. Околина на Мотел Македонија – ОСУ „Ѓорче Петров“;
15. Околина на катче за одмор Дурачка Река – ОСУ „Ѓорче Петров“;
16. Населба 8-ми Октомври – ОСУ „Ѓорче Петров“;
17. Неуредена површина пред Ученичкиот дом „Боро Менков“ – КПУ ;
18. Околина пред Граничен премин Деве Баир –  Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи;
19. Околина на ЈП Македонски шуми – ЈП Македонски шуми;
20. Околина на Подрачно училиште „Илинден“ Мождивњак – ПУ Илинден;
21. Околина на Подрачно училиште Конопница – ПУ Илинден Конопница;

Во оваа национална еколошка акција училиштата и градинката „Детелинка“ покрај учество на еколошки тимови во чистење на своите непосредни околини ќе спроведат и акции во рамки на своите училишта за собирање на пластика, хартија и употребени батерии.
За спроведувањето на ова акција Општината Крива Паланка обезбеди соодветен број на заштитни ракавици и најлонски вреќи за отпад.

Градоначалникот на Општината ги повикува сите граѓани и правни лица да се вклучат во оваа национална еколошка акција преку чистење на просторите пред своите објекти со цел да создадеме попријатен простор за живеење.

Дел од локациите кои ќе се чистат:


Големина на фонт
Контраст