Санација на дел од свлечишта на патот кон село Станци

Деновиве се врши делумна санација на дел од свлечиштата на патот кон с. Станци за да се обезбеди доволна проодност на патот. Се работи и на една делница од патот кон с.Метоф каде има поголемо свлечиште. Исто така се чистат и банкините на самиот пат како и делот од коловозната површина на која има помали одрони.