Заврши петтото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Со свеченото  спуштање на фестивалското  знаме го означивме и крајот на овогодинешното петто по ред  издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
Преполната сала во сите изминати осум фестивалски вечери покажа дека кривопаланчани умеат и сакаат да живеат со театарот, дека  се достојна и верна публика, љубопитна и жедна за секоја нова драмска приказна. Овогодинешната програма на квалитетни театaрски остварувања ја потврди заложбата на тимот од Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, на чело со Градоначалникот  Арсенчо Алексовски, како идеен творец на овој амбициозен проект, фестивалот да има прогрес, да расте од година во година и да создава свој идентитет.

[embpicasa id=”5926808402895255313″]

Тоа впрочем го потврдија и сите учесници на фестивалот со нивните комплименти и воодушевувања од прекрасниот прием, како од  публиката така и од страна на организаторите и посакаа пак да бидат учесници на идното фестивалско издание, ветувајќи нови и интересни драмски изведби.Уште еднаш се покажа  дека сме достојни за организација и реализација на вака големи и амбициозни проекти од сферата на театрската уметност.
Ретроспективно, на годинешнава театарска сцена можеа да се видат претставите: ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР- Драмски театар од Скопје; ПМС-ПОСТ МАШКИ СТРЕС во изведба на Народен театар „Јазавац“од Бања Лука-Р.Српска; МАЛОГРАЃАНСКА СВАДБА- Народен театар „Стерија“од Вршац-Р.Србија; ДА ГИ СМЕНИМЕ ЖЕНИТЕ- Народен театар „Славија“ од Белград-Р.Србија; РИМА- Културен центар „Акорд“ од Никшиќ-Р.Црна Гора; КАКО МИНАВ СНОШТИ-Народен театар „Невена Коканова“ од Дупница-Р.Бугарија; ОД КОЛ НА КОЛ- Народен тетар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп-Р.Македонија и ЗВЕЗДИ И ТАЛЕНТИ-Уметничка работилница „Призор“ од Белград-Р.Србија.
По повод затворањето на јубилејното петто по ред фестивалско издание присуствуваа и вршителот на должност на Амбасадор на Р.Србија во Р. Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, како и заменик министерот за култура на Р. Македонија Драган Недељковиќ кој имаше пригодно обраќање по повод завршната фестивалска вечер.

Говор на заменик министерот за култура г. Драган Недељковиќ


Големина на фонт
Контраст