Промовирана книгата „Театарот како масовна и елитна култура“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Вчера во просториите на Н.У.Центар за култура Крива Паланка се одржа промоција на книгата „Театарот како масовна и елитна култура“ од авторот Тихомир Стојановски. Промотор на книгата беше новинарот и публицист Гоце Ристовски.

Авторот Тихомир Стојановски е уметнички директор на Културен центар „Скрб и утеха-Тиха“, професор, доцент на Факултетот за драмски уметности по „Сценски говор со техника на глас“, актер, режисер на театарски дела, автор на драмски дела и сценарија за филмови .Режирал повеќе документарни филмови кои се учесници на меѓународни филмски фестивали во: Индија,Грција,Чешка, Германија,Турција,Шпанија,Босна, Црна Гора и други земји. Автор на дестина книги од областа на театарот и историјата на македонскиот народ, автор на романи и поезија.

Првиот дел на оваа книга е магистерски труд под менторство на проф.др. Александар Прокопиев, а вториот се трудови од семинарски работи за време на постдипломските студии на Институт за македонска литература во Скопје. 

Големина на фонт
Контраст