Презентирани активните програми и мерки за вработување на работодавачите

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Вчера во Oпштинa Крива Паланка се одржа Форум на работодавачите од општината со преставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, како и претставаници од локалната самоуправа. На почетокот присутните ги поздрави Градоначалникот Арсенчо Алексовски изразувајќи поддршка на активните мерки и програми за вработување во 2013 година.

Во насока на успешно имплементирање на политиките за вработување на локално ниво, на присутните работодавачи им беа презентирани активните програми и мерки за вработување. Работодавачите имаа можност да дадат свои забелешки, предлози и сугестии, кои што можат да бидат вградени во Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014 година.