Страшко Милошевски -лауреат на петтиот меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Македонскиот актер  Страшко  Милошевски  е годинешен лауреат на  петтиот  Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, кој започна во недела  на 15 септември во Центарот за култура во Крива Паланка. За особен придонес во македонската театарска уметност и култура, градоначалникот Арсенчо Алексовски на Милошевски  му ја врачи плакетата на Меѓународниот  театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

[embpicasa id=”5924871009762482033″]

Милошевски, кој  има одиграно големи  и најзначајни улоги во светската драматургија, истакна дека ова признание му е особено драго и дека за него претставува особена чест и гордост,  да го добие во градот каде се родил, каде го вдишил првиот воздух, го голтнал првото залче.

За неговото творештво зборуваше театарскиот критичар Трајче Кацаров  и професорот Тихомир  Стојановски.

На третата фестивалска вечер беше прикажана претставата „Малограѓанска свадба“ во изведба на Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Р.Србија.


Големина на фонт
Контраст