Семинар на тема „Културно наследство без граници“

На 13 и 14 септември во манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка во организација на Oпштина Крива Паланка и Регионалниот историски музеј од Ќустендил, ќе се одржи семинар на тема: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО БЕЗ ГРАНИЦИ. Семинарот се одржува во рамките на проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“,со реф. број 2007CB16IPO007-2011-2-39 и грант договор № RD – 02-29-171/23.07.2012 од вториот повик на ИПА Програмата за Прекугранична Соработка на кој како проектен партнер учествуваше општина Крива Паланка.

Станува збор за сеопфатен проект чија првенствена цел е регистрирање и зачувување на културно-историското наследство од прекуграничниот регион, но исто така и анимирање и активно вклучување на поновите генерации, а особено младите, во зачувувањето како и заживувањето на старите традиции. Со таа цел, проектот е фокусиран околу три главни активности:

– Обемно кабинетско и теренско истражување од страна на тимови од експерти од Р. Македонија и Р. Бугарија со цел да се истражи, вреднува и регистрира материјалното и нематеријално, т.е. живо културно наследство (културно-историски споменици, обичаи, традиционални детски игри, легенди и сл.)
– Организирање на дводневен „Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Крива Паланка- Ќустендил“  на кој учесници од Крива Паланка и Ќустендил презентираа елементи од културното наследство од регионот како традиционални детски игри, традиционални носии, песни и игри и традиционални јадења.
– Организирање на дводневен семинар „Културно наследство без граници“ на кој експертите истражувачи ќе ги презентираат резултатите од истражувањата предвидени со проектот во вид на статии, а исто така ќе бидат поканети и научници кои работат на полето на културно-историското наследство да се претстават со свои трудови  кои се однесуваат на културно-историското наследство од овој регион.

Сите трудови  потоа ќе бидат објавени во вонредно издание на СЛАВИШКИ ЗБОРНИК на македонски и бугарски јазик, со кратки резимеа на англиски.


 

Големина на фонт
Контраст