Деновиве е извршено асфалтирање на уште три од предвидените девет улици преку проектот „Подобрување на општински услуги“ и тоа улицата Никола Тесла-основна траса, улица Никола Тесла лев крак и улицата Пиринска. Со претходно асфалтираните улици Горан Стојановски и Климент Охридски, веќе е завршена изградбата на пет улици од предвидените девет улици од проектот. Во наредниот период интезивно ќе продолжи изградбата на преостанатите четири улица и мостот на Куков Дол, согласно со динамичкиот план на работата.