Во тек е реализација на проектот „Подобрување на општинските услуги“ со средства обезбедени од Светска Банка, а во рамките на кој Општина Крива Паланка ќе изврши изградба и реконструкција на девет улици и мост на Куков Дол.
Веќе е завршена изградбата на улиците „Горан Стојановски“ и „Климент Охридски“, каде во тек е поставување на заштитна ограда.
Во моментот интензивно се работи на подготовка за асфалтирање на улиците „Пиринска“ и „Никола Тесла“ –основна траса и крак лево каде веќе е поставена атмосферската канализација, дел од рабниците, извршено е тампонирање и во текот на наредниве денови се очекува комплетно завршување.Во тек се и активности за изградба на улицата „Осоговска“-два крака и изградба на улицата „Наско Тамбурков“, а наскоро ќе започне и изградбата на мостот на Куков Дол.
Улиците ќе бидат со променлива ширина ( 3.5 м- 7.о м) и должина (111.о м.-563.о м.) со атмосферска мрежа за улично одводнување и современ коловоз од асфалт БХНС 16. Според Договорот со фирмата изведувач АД Ф-ка Карпош-Скопје и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши во април 2014 год., но според досегашниот интензитет на одвивање на работите се очекува тоа да биде порано од предвиденото.