Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го посети манастариот „Св. Јоаким Осоговски“

Претседателот Иванов, на покана од градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, а по повод празникот на Св.Јоаким Осоговски го посети манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

[embpicasa id=”5917881884179640609″]

Претседателот Иванов и градоначалникот Алексовски присуствуваа на литургијата која ја одржа архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и епископот лешочки, г. Јосиф, по кое следуваше прошетка низ манастирскиот комплекс и средба со големиот број на граѓани.

Инаку Манастирот е основан кон крајот на 11 век во чест на пустиножителот Св. Јоаким Осоговски, еден од четворицата големи светци (Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Јован Рилски и Св. Прохор Пчињски) кои произлегле од македонскиот народ. Во текот на своето постоење Манастирот доживувал и кризи и успеси, и се смета за еден од најважните манастири во земјава.

 

Големина на фонт
Контраст