Студија за развој на спортско рекреативен центар „Калин Камен“

Општина Крива Паланка започна со изработка на студија за развој на спортско рекреативен центар „Калин Камен“ со идејно урбанистичко решение. Студијата е финансирана со средства од буџетот на РМ преку Бирото за регионален развој и Центарот за развој за североисточниот плански регион. Досега е изготвена проектна задача, извршена постапка за јавна набавка и обезбеден изготвувач на студијата.

Носител на изработка на студијата е „Филбис“ ДООЕЛ од Скопје во соработка со Јунајтед консалтинг ЕООЛ од Софија, кои пак се изготвувачи на документацијата за изработка на СКИ центарот во „Банско“-Република Бугарија. Изготвувачите на студијата излегоа на терен, го разгледаа локалитетот и сега се во фаза на собирање на потребни информации за изработка на студијата.

Големина на фонт
Контраст