Градоначалникот г.Алексовски и градоначалникот г.Луперто на прием кај г.Трајко Вељаноски

Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и претседателот на Парламентот на Федерацијата Валонија-Брисел и градоначалник на градот Самбервил, Жан-Шарл Луперто и заменик градоначалникот на Самбервил, Никола Димон  вчера во Собранието на Република Македонинија се сретнаа со претседателот на Собранието на РМ  г.Трајко Вељаноски.

Вељаноски  изразил задоволство од посетата на Луперто, кој воедно ја извршува и функцијата градоначалник на градот Самбервил, Белгија и се заблагодари за континуираната поддршка што Република Македонија ја добива од страна на франкофонскиот дел на Белгија, Валонија.

На средбата стана збор за соработката меѓу двете земји и соработката помеѓу двете збратимени општини  Крива Паланка и Самбревил од Белгија на повеќе полиња, меѓу што се вбројува и културната размена меѓу општините, заемните посети на регионално ниво и иницијативите за продлабочување на соработката на парламентарно ниво.

Жан-Шарл Луперто изразил благодарност до Вељаноски за средбата, истакнуваќи дека му претставува особено задоволство што неговата прва посета на Балканот е токму во Република Македонија.  Тој ја нагласил поддршката што Валонија ја дава на Република Македонија, особено преку заедничкото членство во Меѓународната организација на Франкофонијата, каде членките освен што го споделуваат францускиот јазик, се залагаат и за почитување на универзалните демократски вредности како столб на секоја демократска земја.


Големина на фонт
Контраст