Потпишан Меморандум за соработка со Општина Татлису, Северна Турска Република Кипар

На ден 26.08.2013 г. Советот на Општина Крива Паланка одржа свечена седница по повод празникот на градот „Свети Јоаким Осговски“. На седницата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу  Општина Крива Паланка-Република Македонија и Општина Татлису-Северна Турска Република Кипар.

[embpicasa id=”5916745138455147281″]

Градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски  и Градоначалникот на Општина Татлису  г. А.Хајри Орџан во своето обраќање пред советниците и другите многубројни гости нагласија дека соработката за која се склучува Меморандумот е на полето на економските односи, социјалата, културата, образованието, спортот, туризмот и размената на информации.

На свеченоста во Крива Паланка присуствуваше и делегација  од збратимениот белгиски град Самбервил, претставувана од градоначалникот г. Жан Шарлс Луперто, кој воедно е и претседател на Валонскиот Парламент во Белгија, како и делегации од Општина Трговиште и Општина Вршац од Република Србија  и други видни гости и пријатели.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка на сите официјални гости им врачи пригодни подароци како и плакета со ликот на големата хуманистка Мајка Тереза. На гостите од Самбервил-Белгија, кои за прв пат учествуваат на Фолклорниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, им беше врачена најколоритната и најреперезентативната народна носија типична за кривопаланечкиот крај.

Големина на фонт
Контраст