Започна меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

По повод христијанските празници Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, патронот и заштитник на Крива Паланка, во недела на 25 август започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој годинава се одржува по деветти пат.

[embpicasa id=”5916362556419771201″]

Фестивалот започна со дефиле на учесниците, кои со своите колоритни носии и интересни кореографии  го привлекоа вниманието на посетителите кои имаа можност одблиску да уживаат во изворниот фолклор карактеристичен за нивните поднебја.  На ова фестивалско издание, кое трае три дена,  учествуваат  фолклорни ансамбли  од  Романија, Белгија, Северен Кипар, Турција, Србија, Бугарија и Македонија.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин. Арсенчо Алексовски, заедно со претставници од општинската администрација и директорот на НУ Центар за култура од Крива Планка г-дин Александар Рангелов во текот на денешниот ден приреди пригоден прием за официјалните претставници  на фолкорните групи, учесници на годинешниов фестивал. На приемот се разменија меѓусебни подароци, а учесниците на фестивалот ја искажаа својата голема благодарност за неизмерното гостопримство и топлиот прием како на организаторите, така и за граѓаните од општината.

Организатор и покровител на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст