Момчило Бајагиќ-Бајага на прием кај градоначалникот Алексовски

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски,  беше во посета големата рок ѕвезда Момчило Бајагиќ-Бајага. Бајага е гостин на вечерашниот рок фестивал „ЈOY FEST“ кој ќе се случува на плоштадот во Крива Паланка во рамки на манифестацијата „Крива Паланка град на културта за 2013“. Бајага изрази задоволство што е гостин во нашата општина и што ќе ги забавува граѓаните на вечерашниот концерт во рамки на фестивалот „ЈOY FEST“.

Градоначалникот Алексовски изрази задоволство што Крива Паланка за прв пат е домаќин на една ваква голема рок ѕвезда, а  воедно градоначалникот на Бајага му подари уметничка слика од Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.


Големина на фонт
Контраст