Вечерва со почеток во 20.30 часот во градскиот парк во Крива Паланка концерт ќе одржи кумановскиот џез состав JAZZ O’BELL. Како предгрупа на концертот, во 19.30 часот, ќе настапи младата кривопаланечка група DAVID BOYS. Настанот е во рамките на манифестацијата „Крива Паланка град на културата за 2013“.