Реализација на проектот за изградба на девет улици и мост

Во тек е реализација на проектот „Подобрување на општинските услуги“ со средства обезбедени од Светска Банка, а  во рамките на кој Општина Крива Паланка ќе изврши изградба и реконструкција на девет улици и мост на Куков Дол.

[embpicasa id=”5914553759542415041″]

Веќе е завршена изградбата на улиците „Горан Стојановски“ и „Климент Охридски“, каде во тек е поставување на заштитна ограда.

Во моментот интензивно се  работи на подготовка за асфалтирање на улиците „Пиринска “ и  „Никола Тесла“ – основна траса и крак лево каде веќе е поставена атмосферската канализација,  дел од рабниците,  извршено  е тампонирање и во текот на наредниве денови се очекува комплетно завршување.

Во тек се и активности за изградба на улицата „Осоговска “-два крака и изградба на улицата „Наско Тамбурков “, а наскоро ќе започне и  изградбата на мостот на Куков Дол.

Улиците ќе бидат со променлива ширина ( 3.5 м- 7.0 м) и должина (111.0 м.-563.0 м.) со атмосферска мрежа за улично одводнување и современ коловоз од асфалт БХНС 16.

Според Договорот со фирмата изведувач АД Ф-ка Карпош-Скопје и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши во април 2014 год., но според досегашниот интензитет на одвивање на работите се очекува тоа да биде порано од предвиденото.

Големина на фонт
Контраст