Трка за светска хармонија

На 2 октомври во 17 часот во нашата општина ќе пристигне „Трката за светска хармонија“, најголемата меѓународна светска спортска манифестација посветена на хармонијата, мирот и пријателствотот помеѓу луѓето. Трката е од штафетен стил, се трча со факел од град во град скоро низ сите земји од Европа и на 6-те континенти.

На влезот во градот факелот ќе биде штафетно пренесен до центарот на градот каде ќе се одржи мала културна свеченост. Потоа деца, младинци и спортисти ќе трчат до излезот на градот каде интернационалниот тим ќе продолжи со трчање во правец кон следната општина.

Идејата на трката е на секоја граѓанин да му се даде шанса да учествува во напорот за светска хармонија и тоа преку трчање, во културниот дел или може само малку да го држи факелот.