Се одржа пограничната средба „Краиште 2013“

Во местото Голеш, на тромеѓето помеѓу Р. Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија, на големиот христијански празник Петровден се одржа деветата по ред традиционална меѓугранична средба „Краиште 2013“.

[embpicasa id=”5900780796123830865″]

Манифестацијата е во организација на општина Крива Паланка, општина Босилиград, Република Србија и општина Ќустендил, Република Бугарија.

Како дел од средбата „Краиште 2013“, присутните имаа можност да ја проследат богатата програма на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли од трите општини, кои ја презентираа богатата традиција и култура низ сплетот на народните песни и ора.

Големина на фонт
Контраст