Пожарникари од ТППЕ Крива Паланка на натпревар во Ливерпул

 

Двајца пожарникари од Крива Паланка, Иле Коцевски командир на ТППЕ и Сашо Јакимовски командир на одделение,  учествуваа на натпреварот во извлекување на жртви при сообраќајни незгоди, кој се одржа  од 04-06 јули во Ливерпул Велика Британија.  Тие беа дел од тимот кој се состоеше од 7 пожарникари и тоа по двајца од Крива Паланка, Тетово и Струмица и еден пожарникар од Штип.

Во натпреварот учествува 44 тима од Велика Британија и 4 меѓународни тима од Шпанија, Турција, Австрија и Македонија. Македоскиот тим ја извлече жртвата од возилото за 18 минути и  беше пласиран на 25 место со вкупно освоени 408 поени. Стандардите за оценување на тимвовите беа едни од највисоките во светот. Оценувањето се вршеше во три посебни дела,  каде се оценуваа командирот на тимот, техничкиот дел од тимот и медицинскиот дел на тимот.

За учество на натпреварот македонскиот тим доби плакета за добро извршената вежба.


Големина на фонт
Контраст