За две години почеток на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка

За две години треба да започне изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка долга 36 километри, која е дел од Коридорот 8.  Министерството за транспорт и врски го потпиша вчера договорот за изработка на главниот проект за оваа делница со германската консултантска компанија „Обермаер“ од Минхен. Со потпишувањето на договорот се предвидува во рок од 18 месеци да се изготват сите потребни проекти, а потоа во рок од 6 месеци да се избере и градежната компанија која ќе ја гради оваа делница. За целокупната проектна документација е обезбеден грант од ЕБОР во висина од 2,4 милиони евра.

Големина на фонт
Контраст