Привршува изградбата на улицата „Горан Стојановски“

Се очекува денес да заврши комплетното асфалтирање на улицата „Горан Стојановски“ и нејзино поврзување со главната улица „Св.Јоаким Осоговски“. На изградбата на улицата интензивно се работеше изминативе 40-тина дена и сега се очекува да биде пуштена во нормален сообраќај исто како и улицата „Климент Охридски“.

Тоа се првите две улици кои според Динамичкиот план за изградба на девет улици и мост ќе бидат веќе завршени, а понатаму ќе продолжи интензивно изградбата и реконструкција и на останатите предвидени улици и мостот на Куков Дол.