Прес-конференција на Арсенчо Алексовски, градоначалник на општина Крива Паланка

Реализирани голем број на проекти во Крива Паланка

За недела до две се навршуваат 100 дена откако бев реизбран за градоначалник на општината Крива Паланка, а согласно со принципите на мојата партија за отчетност и одговорност денеска сакам пред јавноста да го дадам својот отчет за сработеното во изминатиот период.

Општина Крива Паланка продолжува и по завршувањето на изборниот процес со реализација и отпочнување на нови проекти од ветената изборна програма кои ќе значат и подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани.Овие месеци граѓаните на Општина Крива Паланка се сведоци на една градежна експанзија каква што одамна не се памети во нашата општина. Во контекс на ова ќе нагласам дека:

-Започна изградба и реконструкција на девет улици и мостот на Куков Дол преку проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со кредит од Светска банка, а преку министерство за финансии на Република Македонија. Овде се опфатени следниве проекти:

-изградба на дел од улицата „Горан Стојановски”- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата, како и решено одводнување.

-изградба на дел од улица „Климент Охридски”- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата, како и решено одводнување.

-изградба на дел од улица „Биљинска”- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата, како и изградба на потпорни ѕидови и решено одводнување и изградба на дел од улицата „Наско Тамбурков”- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата, изградба на потпорни ѕидови и решено одводнување.

-изградба на дел од локален пат „Крива Паланка- село Лозаново” крак 1, Дивјанска маала- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата, како и изградба на потпорни ѕидови и решено одводнување.

-изградба на дел од улицата „Осоговска” ( крак 1 и крак 2)- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање на улицата како и изградба на потпорни ѕидови и решено одводнување.

-реконструкција и рехабилитација на дел од улицата „Пиринска”- проектот опфаќа одстранување на постоечки асфалт, тампонирање и повторно асафалтирање, како и решавање на атмосферските води.

-изградба на дел од улицата „Никола Тесла” основен и лев крак- проектот опфаќа изработка на постелка, тампонирање и асфалтирање, како и решено одводнување.

-изградба на бетонски мост во населба „Куков Дол”- проектот опфаќа изградба на нов армирано-бетонски мост со распон од 8 м. и ширина 8 м., на локалитет каде досега при поројни дождови се случуваше целата населба Лозаново да биде отсечена по неколку дена. Ова е барање од граѓаните откако постои оваа населба, а и реално ова е голема потреба за овие луѓе, а со изградбата на мостот се решава голем проблем на овие граѓани.

-довршување на реконструкцијата на пат Крива Паланка- село Мартиница во населбата Скрљава и Цонев рид во должина од 1130 м.

-довршување со реконструкција на патот Конопница село Мождивњак во должина од 4.5 км.

-започна и во тек е постапката за изградба на општински пристапен пат спој М-2 Стамболиска маала – маала Деловодци во село Конопница во должина околу 1200 метри.

-градежните работи за изградба на велосипедската патека по течението на Крива Река, како дел од проектот „Велосипедски патеки за граѓаните и посетителите на Ќустендил и Крива Паланка“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка, веќе се наоѓа во завршна фаза. Велосипедската патека е асфалтирана престои уште поставување на 40 клупи како и надворешни спортски реквизити. На мое задоволство таа уште недовршена масовно е посетена и користена од страна на граѓаните.

-Набавени се три градежни возила за комунални и јавни услуги за јавното претпријатие „Комуналец“ со целокупна опрема за потребите на ЈП Комуналец, со што ќе се подигне квалитетот и нивото на услуги кон граѓаните, а од друга страна машините и опремата ќе бидат користени и за тековно и зимско одржување на улиците и патиштата.

-Се довршува со изградба на административно деловен комплекс на местото на некогашен Суд за прекршоци. На врвот на оваа зграда ќе биде поставен Градски часовник кој ќе има четири страни и кој ќе одзвонува во одредено време. Часовникот е порачан и платен, се чека само на негово поставување и монтирање.

-Се потпиша договор за финансирање на проектот „Регулација на Порој Белево – Крива Паланка“ кој опфаќа регулирање на околу 950 метри од Белевски дол и за овој проект во тек е тендерската постапка.

-Во завршна фаза е асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во склоп на спортскиот комплес во Крива Паланка. На повеќенаменското игралиште интензивно се работи и истото ќе биде завршено во најскоро време. Направивме и проект за партерно уредување на локацијата на спортскиот комплекс.

-Обезбедени се спортски подвижни трибини кои ќе бидат поставени во дворот на основното училиште „Јоаким Крчовски”.

-Изграден е нов рекреативен парк со убава фонтана во населба Бавчалк каде ќе се користи водата од Пенди вир која досега течеше во Крива Река.

-Се врши докомплетирање на внатрешниот простор на Градскиот музеј во Крива Паланка со формирање на уметничка галерија и опремување на истата.

-Општина Крива Паланка започна со постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на туристичко развојна зона. Оваа туристичко развојна зона ја планираме на Калин Камен и на брегот на езерото на новата брана на Злетовица која ја опфаќа територијата на општина Крива Паланка. Со урбанистичко-планската документација за туристичко развојна зона ќе се планираат градби за времено сместување (викенд куќи, мотели и сл.) и мали комерцијални и деловни објекти

-Во тек е и изработката на измени и дополнувања на ДУП за дел од урбан блок 11 (локалитет Кланица до Скрљавски дол)

-Донесен е ЛУПД за изградба на мали хидроелектрични централи на водоводот Калин камен.

-Крива Паланка која е прогласена за Град на културата интензивно работи за да го оправда овој епитет кој заслужено и го доби. Во градот секојдневно се случуваат културни настани. Во овој контекс ќе набројам само неколку настани:

-Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Ќустендил – Крива Паланка во рамките на проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“, од вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка на кој како проектен партнер учествуваше oпштина Крива Паланка.

– Се одржа фестивалот од отворен тип „Баскерфест 2013“. Овој фестивал се здоби со голема репутација кај населението низ целата земја со помош на вештините на најдобрите улични артисти и музичари од светот, а истовремено и од Македонија. Фестивалот понуди инвентивна, енергична и целовечерна забава, каде гледачите бea исто толку активни како и артистите.

-Направени се бројни промоции на книги, изложби на познати уметници, театарски претстави, фолклорни и камерни концерти, а од оваа година востановивме и нешто ново, а тоа е Меѓународен конкурс за карикатури.

За сето она што е ветено, остварено, потрошено, јас како градоначалник досега давав, но и ќе дадам свој отчет, но не само пред централната власт, туку многу поважно, пред оние кои одлучиле јас да ја водам општината во наредниот четиригодишен мандат, а тоа се – граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може да има пристап до информациите за донесените одлуки, акти и буџети.

Горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи кои со помош и поддршка на граѓаните ќе ги оствариме, a кои се всушност реализација на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Големина на фонт
Контраст