Креативна работилница за изработка на ракотворби

Општина Крива Паланка, НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј во периодот од 26 до 28 јуни  организираа креативна работилница за сликање на порцелан и стакло, обликување на фимо глина и работа со срма.

[embpicasa id=”5895347604257504913″]

Работилницата се одржа  во конакот на манастирот Свети Јоаким Осоговски под водство на  инструкторите Оливера Станковска од Крива Паланка и Роса Маневска од Скопје.

Продажниот дел на финализираните ракотворби се одржа на 28 јуни на Грдаскиот плоштад, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Големина на фонт
Контраст