Во тек е реализација на проектот за изградба на девет улици и мост

Во тек е реализација на проектот „Подобрување на општинските услуги“ со средства обезбедени од Светска Банка, а  во рамките на кој Општина Крива Паланка ќе изврши изградба и реконструкција на девет улици и мост на Куков Дол.

 [embpicasa id=”5894427696486534753″]

Во моментот се работи на подготовка за асфалтирање на улиците „Горан Стојановски“ и „Климент Охридски“ кои се во завршна фаза и во текот на наредните денови ќе бидат комплетно завршени.

Веќе се започнати и активности за реконструкција на улицата „Никола Тесла“ и изградба на улицата „Наско Тамбурков“ согласно со динамичкиот план, а наскоро ќе започне и работата на улиците „Осоговска“ и „Пиринска“ како и изградбата на мостот на Куков Дол.

Улиците ќе бидат со променлива ширина (3.5м – 7.0м) и должина (111.0м.-563.0м.) со атмосферска мрежа за улично одводнување и современ коловоз од асфалт БХНС 16.

Според Договорот со фирмата изведувач АД Ф-ка Карпош-Скопје и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши во април 2014 година, но според досегашниот интензитет на одвивање на работите се очекува тоа да биде порано од предвиденото.

Големина на фонт
Контраст