Општина Крива Паланка започна со постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на туристичко развојна зона

Општина Крива Паланка започна со постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на туристичко развојна зона. Со урбанистичко-планската документација за туристичко развојна зона ќе се планираат градби за времено сместување (викенд куќи, мотели и сл.) и мали комерцијални и деловни објекти.

Во моментот се одредени два локалитета за изработка на оваа планска документација и тоа едниот во м.в. „Калин Камен“ после постојната „мандра“ на  Фершпед во дел од К.О. Кркља и дел од К.О. Костур, а вториот локалитет е во м.в. „Бари“ во К.О. Дренак на северната страна од вештачкото езеро  на Злетовска Река.

Досега се евидентирани локалитетите и е избран изработувач на планската документација кој треба да изврши увид на локалитетите и изготви ажурирани геодетски подлоги и да започне со изработка на планот.

Големина на фонт
Контраст