Покана за презентација на ИПАРД Програмата

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира бесплатна презентација на тема „Новите можности за реализација на вашите инвестициони проекти согласно ИПАРД Програмата“. Презентацијата ќе се одржи на 1 јули (понеделник) со почеток во 11 часот во големата сала на Општина Крива Паланка.

Целта на презентацијата е подетално запознавање на бизнис-секторот во регионот на Крива Паланка со поволностите за реализација на инвестиционите проекти согласно ИПАРД Програмата.

Презентери: Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст