Изградбата на велосипедско-ролерската патека влегува во завршна фаза

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Градежните работи за изградба на велосипедската патека по течението на Крива Река, како дел од проектот „Велосипедски патеки за граѓаните и посетителите на Ќустендил и Крива Паланка“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка, веќе се наоѓаат во завршна фаза.

Со самото асфалтирање на велосипедската патека изградбата влезе во завршна фаза и преостанува уште поставувањето на клупи, корпи за отпадоци како и т.н. надворешна фитнес опрема, хортикултурно уредување на просторот покрај патеката со засадување на трева, како и воспоставување на комуникација на велосипедската патека со постоечката инфраструктура преку поставување на скали што ќе овозможи полесен и побрз пристап до самата патека.

Во рамките на проектот фирмата ЕКО ИНЖЕНЕРИНГ од Прилеп треба да изработи истражување за влијанието на изградбата на велосипедските патеки во прекуграничниот регион која понатаму ќе биде искористена како база за креирање на мерки за унапредување на животната средина во корелација со добрите европски практики во областа на заштитата на животната средина во прекуграничниот регион.

Големина на фонт
Контраст