Креативна работилница во конакот на манастирот Св.Јоаким Осоговски

Општина Крива Паланка, НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј организираат креативна работилница за сликање на порцелан и стакло, обликување на фимо глина и работа со срма. Работилницата ќе се одржи од 26 до 28 јуни 2013, во конакот на манастирот Свети Јоаким Осоговски, од 12.30 до 17.30 часот. Работилницата ќе ја водат инструкторите Оливера Станковска од Крива Паланка и Роса Маневска од Скопје.

Продажниот дел на финализираните ракотворби ќе се одржи на 28.06.2013 од 11.00 до 15.00 часот во НУ Центар за култура во Крива Паланка. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Големина на фонт
Контраст