Концерт на мандолинскиот оркестар на МКЦ

Мандолинскиот оркестар на МКЦ  во сабота  со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт во Центарот за култура  во Крива Паланка. Ќе бидат изведени дела на  Родриго, Хендл,  Асламазјан, Шуберт, Огински и на македонските композитори  Властимир Николовски, Стојче Тошевски, Кирил Трајковски, Љубомир Бранџолица и Таки Хрисиќ. Диригент е Ванчо Јовчев, а ќе настапи и солистот  Ана Димовска – обоа. Влезот е слободен.

Големина на фонт
Контраст