Искачување на Царев Врв

Почитувани,
ЗПСК „РУЕН“ Крива Паланка Ве поканува на традиционално искачување до Царев Врв – Султан тепе на 23 јуни 2013 г. (недела). Мотото на акцијата е „За сите љубители на природата“. Тргнување на планинарите и останатите учесници е во 06.00 часот наутро пред ловечката куќичка.

Потсетуваме: Бидејќи се работи за поголема надморска височина прилагодете ги обувките и облеката кон временските услови, а со себе понесете и кабаница.

За психофизичката подготвеност секој учесник одговара сам за себе.

Исхрана од ранец! Понесете сад за чај!

Со почит

ЗПСК „Руен“
Претседател
Катица Борисовска

Големина на фонт
Контраст