Промоција на романот „Монотонија“ од Бобан Богатиновски и отворање на изложба од авторот Боре Минов

Вчера, 17 јуни во просториите на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка, се одржа промоција на  романот „Монотонија“ од авторот Бобан Богатиновски и се отвори изложбата на ликовниот уметник Боре Минов, насловена „Предели сликани со чај“.

Настаните, кои се дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2013“, беа промовирани од актерот г.Страшо Милошевски и директорот на Штипскиот театар, воедно  познат и признат театараски критичар- г.Трајче Кацарев.

Целта на овие културни збиднувања е да се доближи македонската литература и ликовна уметност до кривопаланечката публика  и до сите оние кои сакаат да прочитаат, слушнат и видат нешто од творештвото на овие креативни и проникливи автори, кои се интересни, провокативни, актуелни и пленат со своите дела, затоа и се избрани како дел од програмата на манифестација „Крива Паланка – Град на културата 2013“.



Големина на фонт
Контраст