20 години копаничарска колонија „Свети Јоаким Осоговски“

На 15 јуни (сабота) во просториите на Центарот за култура беше отворена ретроспективна изложба по повод 20 години од Меѓународната копаничарска колонија „Св.Јоаким Осоговски“. Копаничарската колонија е во организација на Здружението на копаничарите на Македонија и се одржува традиционално од 15 до 22 јуни во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“.

Копаничарите творат претежно на ореово и крушово дрво, а мотивите се од македонската флора и фауна, религијата и опкружувањето на манастирот.


Големина на фонт
Контраст