Среќно за првачињата!

Во основните училишта Илинден и Јоаким Крчовски заѕвони училишното ѕвонче за 170 првачиња.
Првачињата свечено беа пречекани од страна на вработените во училиштата, беа поздравени од директорите на училиштата, а големо Среќно добредојде им посака и градоначалникот на општина Крива Паланка, господин Арсенчо Алексовски кој за новиот почеток им подари фудбалски топки.

Среќен почеток на новата учебна година градоначалникот им посака и на учениците и вработените во СОУ Ѓорче Петров при што подарокот беше добредојден за професорите по физичко воспитување и учениците.

Првачињата беа развеселени и со свечена програма која беше приредена од страна на повозрасните ученици.

Големина на фонт
Контраст