Информација за одржување на јавна расправа

ОБЈАВА

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на инсталација за производство на електрична и топлинска енергија преку горeње на отпад во Североисточниот плански регион – Куманово

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот  ЗЈК „ЕКО – ЗОНА – Куманово“, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на инсталација за производство на електрична и топлинска енергија преку горeње на отпад во Североисточниот плански регион во општина Куманово и истата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. “III Македонска бригада” бр.10а секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, како и во општина Куманово.
Заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата, во писмена форма, до одговорните лица за контакт, назначени од инвеститорот и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Јавната расправа по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на инсталација за производство на електрична и топлинска енергија преку горeње на отпад во Североисточниот плански регион во општина Куманово ќе се одржи на 12.06.2013 година (среда) во просториите на Центарот за Развој на Североисточниот плански регион, на ул. “Илинденска“ бб (зграда на поранешен Комитет) во општина Куманово, со почеток во 11:00 часот.

Контакт лица:
Мухамед Селмани , Центар за развој на Североисточниот плански регион
ул. “Илинденска“ бб, Куманово тел: 031 424 878
е-маил:[email protected]

Славјанка Пејчиновска-Андонова–Овластен експерт за ОВЖС, ЕКОМОЗАИК
ул. “Бриселска“ бр. 4, Скопје; 
тел: 02 520 6099;    е-маил:  [email protected]

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје
бул. “Гоце Делчев” бр. 18 – Скопје
Влатко Цветаноски       е-маил: [email protected]
Хусни Тачи                         е-маил: [email protected]
бул. “Гоце Делчев” бр. 18 – Скопје,  тел: 02-3251-459;
Сашо Секуловски           е-маил: [email protected]
Сектор за комуникација со јавноста
ул. ”III Македонска бригада” бр.10а тел. 02 3215-320

Големина на фонт
Контраст