Работна средба на градоначалниците од регионот

На ден 07.06.2013 година во кабинетот на градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, се одржа работна средба на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претставникот од Секторот за одобрување на проекти со градоначалниците на општините Крива Паланка, Ранковце, Кратово и Старо Нагоричане.

На средбата од страна на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше  промовирана  Мерката 321 – Подобрување на квалитетот на животот во рурални средини од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2013 година, по која можат да аплицираат единиците на локалната самоуправа. Исто така од присутните градоначалници беа инцирани повеќе прашања во врска со Мерката 321 на кои претставниците од Агенцијата дадоа детални образложенија.

Големина на фонт
Контраст