Градоначалникот Алексовски во посета на општина Банско

На ден 05.06.2013 г. градоначалникот Арсенчо Алексовски со неговите соработници од општината беа во работна посета на општина Банско. На средбата беше разговарано за продолжување на соработката помеѓу двете збратимени општини, а беа  разгледани и можностите за аплицирање на проекти од заеднички интерес.

Со оглед на тоа што  општина Банско го има еден од најубавите зимски скијачки центри, нивното позитивно искуство во реализација на крупни проекти и инвестиции од оваа област се одличен пример за општина Крива Паланка.


Општина Крива Паланка се наоѓа во фаза на изработка на проект и физибилити студија за планираниот зимски скијачки центар на Осоговските Планини, со целокупнта инфраструктура, хотели, скијачки терени и други слични содржини и токму за тоа ни се потребни консултации и конкретна помош  од општина Банско чие искуство во рализација на вакви проекти е евидентно и за почит. Се договоривме, стручна екипа од општина Банско која се занимава со проектирање на терените, да ни помогне во изработка на физибилити студија и проектна задача – истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Договорена е и возвратна работна посета од страна на градоначалникот Ѓеорѓи Икономов  од општина Банско и неговите соработници. Се очекува нивните главни архитекти да ја посетат нашата општина, да ги разгледаат терените на Осоговките Планини и заедно со нашите стучни служби, врз основа на добиените информации, сознанија и нашите планови, да ја состават проектната задача.

Големина на фонт
Контраст