Еколошки игри во ООУ „Јоаким Крчовски“

Во ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка на ден 05-06-2013 г. со почеток во 12.00 часот, беа претставени четирите еколошки игри, иновација на учениците од седмо одделение. Игрите се изработени од еколошки материјали.

Имено, училиштето како добитник на Зелено знаме и добиена титула Еколошко училиште, имаше можност да учествува на натпреварот организиран од ОХО на ниво на еко училишта во Р Македонија, како и за избор на најдобро изработена еко игра, каде учениците од седмо одделение заедно со менторот Лазо Ѓорѓиевски, беа избрани за учество на Еко кампот кој ќе се одржи од 18-21 јуни 2013 г. на Голак, во Делчево.

Големина на фонт
Контраст