Петта спортска манифестација „Рели Калин Камен 2013“

На 24 мај (петок) голем број учесници од мото и авто-клубови од земјава и странство, беа дел од петтото ревијалното рели „Калин Камен 2013“, кое се организира во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

[embpicasa id=”5883326088487092865″]

Организатори на манифестацијата, која се одржува под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“,  се Општина Крива Паланка и Авто мото клубот „Офф Роад Осогово“.

Колоната од џипови и мотори тргна од плоштадот во Крива Паланка и мина низ прекрасните предели на Осоговските Планини – Мождивњак, Острец, Бари, Костадиница, Бабина чешма, Царев Врв, Алтн чешма, Калин Камен се до манастирот Свети Јоаким Осоговски. Оваа година за прв пат беше посетено и Кнежевското Езеро од хидро-системот „Злетовица“. Учесниците на релито, вљубеници во авантура и овој спорт, имаа можност да уживаат во недопрените убавини на Осоговието, да ја почуствуваат и да понесат со себе дел од магијата на планината.

Должината на патеката е околу 80 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието. 

На Царев Врв се приклучија и рели учесниците од соседните општини, Кочани, Делчево и Македонска Каменица, а на крајот сите учесници се собраа на традиционален заеднички ручек во манастирскиот комплекс  „Свети Јоаким Oсоговски“, каде ги споделија своите впечатоци и доживувања со желба за повторно дружење на наредното шесто по ред рели Калин Камен.



Големина на фонт
Контраст