Ќе се избира Кривопаланечки сувенир

Здружението на граѓани Кластер за туризам – Крива Паланка од јуни оваа година започна да го реализира проектот „Кривопаланечки сувенир”. Проектот е финансиран од Програмата за проекти од националени интерес на Министерството за Култура на РМ. Во реализиацијата на проектот се вклучи и општината Крива Паланка. Имено, деновиве општина Крива Паланка и З.Г Кластер за туризам – Крива Паланка потпишаа меморандум за соработка и заедничка имплементација на проектот Кривопаланечки сувенир .
 
По повод потпишувањето на меморандумот претседателот на З.Г. Кластер за туризам Драган Величковски истакна:
– „Задоволен сум од подршката која што ни ја дава новиот градоначалник Арсенчо Алексовски, и се надевам дека овој меморанум ќе даде една нова динамика на соработка на локалната самоуправа со здруженијата на граѓани и ќе овозможи партнерска соработка во имплементација на овој проект како и во реазлизација на други идни проекти”.

Проектот Кривопаланечки сувенир, предвидува објавување на Јавен конкурс за изработка на препознатлив кривопаланечки сувенир, како и уредување на една просторија за продажба на сувенири и туристички материјали.