„Топол културен бран 2009 година“ во Крива Паланка

Во рамки на културната манифестација „Топол културен бран 2009 година“, на отворената сцена на плоштадот „Маршал Тито“ во Крива Паланка се одржа фолклорна вечер со настап на четири културно-уметнички друштва.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, кој во таа прилика меѓу другото истакна:

„Оваа иницијатива е еден значаен сегмент во заложбите на владата да  културни вредности и дела не се случуваат  само во големите центри, туку и во помалите локални заедници, каква што е нашата општина.

Тоа  дава можност и на кривопаланечката јавност да биде вклучена во културните текови и најновите културно-уметнички збиднувања во нашата држава.

Овој проект, истовремено коренспондира и со нашите идеи да го возобновиме и збогатиме културното живеење на градот со нови, возбудливи и интересни содржини.
Изминатите десетина дена имавте можност да ја проследите богатата културно-уметничка програма, во рамките на за првпат организираното наше – Кривопаланечко културно лето, кое се реализираше во  нашиот убав манастирски комплекс  Свети Јоаким Осоговски.

На  задоволство на сите нас и вас сакам да Ве информирам дека на 27 и 28-ми август,  ќе се возобнови и одржи меѓународниот фолклорен  фестивал  ,,Свети Јоаким Осоговски“ , а во периодот од 15 до 21 септември ќе го организираме и првиот меѓународен театарски фестивал во нашата општина на кој ќе учествуваат театарски групи од Србија,Бугарија и Македонија.“

Пред љубителите на фолклорот, со изворни песни и ора настапија културно-уметничките друштва „Руен“ од Кочани, „Јанко Глигоров“ од Свети Николе, „8-ми Октомври“ и „Карпош“ од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст