Ад либитум арт премиерно во Крива Паланка

Традиционална македонска музика, руски, украински и еврејски народни песни, како и познати светски хитови, со прекрасни аранжмани, во изведба на вокално-инструменталниот состав „Ад либитум арт“ од Битола, ја воодушевија кривопаланечката публика.

На вечерашниот концерт во Крива Паланка-градот на културата за 2013 година, битолската група премирно гостуваше и наиде на вонреден прием кај кривопаланчани.
Овој вокално-инструментален состав, во кој членуваат реномирани и професионални музичари, под раководство на Екатерина Јосифовска, ја презентира и негува македонската култура, со цел во светската музичка култура да ги интегрира вокално-инструменталните композиции од македонски и странски автори.


Извор: Дневник