Фестивал на традиционалната култура

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

На 18-19.05.2013 година во дворот на Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ во Ќустендил се одржа дводневен фестивал на „Традиционалната Култура“.

[embpicasa id=”5880331531235137649″]

фестивалот е една од активностите од проектот „Културното наследство на нашите предци – Духовен столб на нашата заедничка европска иднина“, од вториот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка, на кој како проектен партнер учествуваше и Општина Крива Паланка.

На првиот фестивалски ден од страна на децата од Ќустендил и Крива Паланка беше преставен празникот на децата „Игрите на баба и дедо“ како и вечерната ревија  во која учесниците ги претставија традиционалните носии од пограничниот регион на сцена со карактеристичен модно-сценски настап. На вториот фестивалски ден беше претставена изложбата и дегустацијата на традиционалната кујна од пограничниот регион како и демонстрацијата на традиционалните техники за изработување на текстилни украси.

На овој дводневен фестивал на „Традиционалната Култура“ од македонска страна, покрај претставниците на Општината, учествуваа децата од ОУ „Илинден“ предводени од наставник Добри Јовевски, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ предводени од професорите Роберт Цветковски и Ангелчо Ристовски и Клубот на пензионери „Достоинствена старост“ предводени од Анка Стојановска.

Големина на фонт
Контраст