Kривопаланчанци воодушевени од изложбата за битолска градска облека

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Kривопаланчанци имаа ретка можност да се запознаат со градската култура на облекување на убавите битолчанки од периодот на 19 и почетокот на 20 век преку изложбата поставена во Градскиот музеј, која беше свечено отворена во рамките на целогодишната манифестација „Kрива Паланка – град на културата 2013“.

– Ова е навистина извонредна и ретка можност да се запознаеме со дел од традицијата на градска и конзулска Битола – истакна Драган Величковски, директор на Градскиот музеј.

Од колекцијата, која брои околу 150 костими, на изложбата во Kрива Паланка се поставени 30-ина, придружени со илустративни фотографии.

– Kостимите го претставуваат влијанието на ориенталното и западното модерно облекување, односно варијантите на „а ла турка“ и „а ла фурга“, зависно од нивното влијание врз битолската градската облека. Сепак, на сето тоа битолчани дале свои локални обележја и создале своја автентична градска култура на облекување – истакна авторката на изложбата Наде Геневска-Брачиќ од Битола.

Авторката напомена дека во зависност од ориенталната и западноевропската мода се развивале и различни занаети како придружни елементи за изработка на потребните градски костими.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст