Градоначалникот Алексовски им ја честиташе матурата на матурантите

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

На 17 мај 2013 (петок), Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски го посети Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“. Тој им ја честита матурата на матурантите и им посака успех како при полагањето на државната матура така и при уписите на факултетите.

Во свото обраќање градоначалникот ги мотивираше младите да го продолжат своето образование, порачувајќи им дека само со образование може да се постигне подобар просперитет како личен така и на целокупното општество.

Градоначалникот Алексовски, традиционално и оваа година, ги почести матурантите со парче торта и им посака пријатна матурска вечер.

Големина на фонт
Контраст