Амбасадорот Крамариќ во посета на општина Крива Паланка

На повик на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, на 16.05.2013 година нашата општина ја посети хрватскиот амбасадор во РМ, г-динот Златко Крамариќ.

Во срдечна атмосфера, Градоначалникот накратко го запозна Амбасадорот со Крива Паланка, економската состојба и напорите што тој како градоначалник ги прави за подобрување на квалитетот на живеење на локалното население.

Во таа насока како главна тема се наметна и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2013 година“ којa е преполнa со настани. Желбата на организациониот одбор е во програмата да се вклучат и претставници на хрватските културни институции со цел презентација и поблиско запознавање со  хрватската култура. Особено беа акцентирани Интернационалниот фолклорен и Театарски фестивал, со интенција да се привлече интерес за учество на хреватска театарска група.  Амбасадорот даде ветување дека ќе ја подржи оваа иницијатива и ќе обезбеди репрезенти на хрватската култура на овие настани.

На средбата исто така се разговараше и за предизвикот на европските фондови и за потребата за поголема соработка на ова поле. Амбасадорот вети дека ќе се заложи за  воспоставување на соработка со некој хрватски град во ранг на Крива Паланка со цел понатамошна соработка, збратимување и изготвување и имплементација на европски проекти.

Во рамки на посетата Амбасадорот ги посети Градскиот музеј и манастирот Св.Јоаким Осоговски.


SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Големина на фонт
Контраст