Отворена изложба на градски костуми од Битола

Во рамки на манифестацијата „Крива Паланка град на културата за 2013 година“ вчера во изложбениот салон при Градскиот музеј во Крива Паланка беше отворена изложба на градски костуми од Битола од 19. и почетокот на 20. век.

– Се работи за колекција на финално сочувани и тоа десет комплети и 20 поединечни комплети, додадено со повеќе графикони во фото-техника и други предмети од семејствата на градот од конзулите, Битола, изјави Наде Гешовска – Бракиќ од Заводот за заштита на спомениците и културата и Музејот на град Битола.

Големина на фонт
Контраст