„Женско царство“ во изведба на театарот Колозов

Во рамките на манифестацијата „Крива Паланка град на културата“ вчера, со почеток во 20 часот, во НУ Центар за култура беше прикажана театарската претстава Женско царство во изведба на театарот Колозов од Скопје.

Претставата е комедија, а тематски на многу интересен начин ја обработува замената на типичните улоги помеѓу мажите и жените. Пораката е дека сепак различните полови не се снаоѓаат во новонаметнатата улога  и дека и покрај сите стереотипи, сепак најудобно се чувствуваат во  предодредениот сопствен пол.  Полната сала и аплаузот со кој беа испратени актерите покажа дека комедијата како жанр привлекува најмногубројна публика од  сите возрасти.

Големина на фонт
Контраст