Еко акција „Садница +“

На ден 13.05.2013 година (понеделник), по иницијатива на ЗГ ,,Ден на дрвото -засади ја својата иднина“ и во партнерство со Oпштина Крива Паланка, учениците од основните училишта и градинките, ќе бидат вклучени во акцијата „САДНИЦА+ ОД ЖЕЛАД ДО ГОООЛЕМ МАКЕДОНСКИ ДАБ“.

Акцијата ќе се реализира на класниот час во училиштата и секое дете ќе треба да донесе пластичен  сад во кој ќе го положи семето. Сите учесници ќе добијат испечатено упатсво-флаер „Од семче до дрвце“  за својата садница како своевиден  дневник,  во кој ќе можат да ги внесуваат податоците за своето ново еко другарче.

Целта на оваа акција е секое дете да произведе сопствена садница. Да ја негува  се до есенската акција „Денот на дрвото“ кога самиот одгледувач ќе ја засади садницата во учишниот двор или во непошумената околина. Најдобрите производители ќе бидат наградени од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка и ЗГ,,Ден на дрвото -засади ја својата иднина“.

Семето за насадите од листопадното дрво даб е обезбедено од страна на ЗГ „Ден на дрвото -засади ја својата иднина“ и во координација со ЈП за стопанисување со шуми „Македонски шуми”.

Оваа акција станува традиционална и се одржува по втор пат. Минатата година учесниците во акцијата го добија семето за садници од дрвото јавор.


Големина на фонт
Контраст