Петар Темелковски ја воодушеви публиката

Во рамките на манифестацијата Културно лето ’09, на сцената пред манастирот Св.Јоаким Осоговски, настапи нашиот познат актер Петар Темелковски со монодрамата „Филип II“. Публиката имаше ретка можност да ужива во актерското мајсторство на Темелковски и да ја почуствува магијата на едно далечно време, а сепак толку блиско да нас, проткаено низ нашето секојдневие. Темелковски со својата игра ја воодушеви кривопаланечката публиката за која ваквите случувања се реткост.

Денеска во рамките на манифестацијата Културно лето ’09 ќе настапи руско културно уметничко друштво  “Славјанка“, а утре вечер староградско друштво “Распеани Паланчани“  ќе го има својот прв настап по триесет годишна пауза.

Големина на фонт
Контраст